сабота, 11 јануари 2025

Јокиќ се врати со трипл-дабл и го предводеше Денвер до победа (ВИДЕО)

По два натпревари пауза поради настинка, Никола Јокиќ се врати во тимот на Денвер и го оствари 15. трипл-дабл оваа сезона, неговиот тим го совлада Бруклин со 124-105.

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот ас постигна 35 поени, 15 асистенции и 12 скока. Голем придонес во победата имаше и Расел Вестбрук кој исто така оствари трипл дабл, со 25 поени, 11 скока и 10 асистенции и двајцата кошаркари на Денвер влегоа во историјата на НБА лигата. Тие го сочинуваат првиот тандем кој на повеќе од еден натпревар во една сезона заедно остварил трипл дабл бидејќи ова е втор таков меч сезонава.

Што се однесува до натпреварот, Бруклин се одржуваше во игра до средината на втората четвртина кога и најчесто беше во водство. Потоа Денвер ја презеде контролата над резултатот, во третиот период поведе со 21 поен разлика и до крајот не му дозволи на противникот да ја загрози победата.

Во екипата на Бруклин се истакна Џонсон со 22 поена, Мартин додаде 19, а Клауни 14. Денвер останува на четвртата позиција на Западот, додека Бруклин е 12-пласиран на Истокот и синоќа го претрпе четвртиот пораз во низа.

Резултати:
Индијана – Голден Стејт 108-96
Орландо – Милвоки 106-109
Филаделфија – Њу Орлеанс 115-123
Бостон – Сакраменто 97-114
Њујорк – Оклахома 101-126
Чикаго – Вашингтоон 138-105
Денвер – Бруклин 124-105

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ