сабота, 27 јули 2024

Јокиќ по третпат е прогласен за МВП на сезоната во НБА лигата

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, ја доби наградата за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, ѕвездата на Денвер по третпат го добива ова признание.

Објавено на

часот

Сподели

По 2021 и 2022, Никола Јокиќ и оваа година е прогласен за МВП на сезоната во НБА лигата, Србинот ја потврди доминацијата.

Тој одигра 79 од 82 натпревари во регуларниот тек од сезоната, имаше просек од 26.4 поени, 12,4 скокови и девет асистенции по натпревар.

Со три МВП признанија Јокиќ се израмни со Лери Брд, Меџик Џонсон и Моузес Мелоун, па пред него се Леброн Џејмс, Вилт Џемберлејн со по четири МВП-награди, Бил Расел и Мајкл Џордан имаат по пет награди, додека Карим Абдул-Џабар е единствен со шест пехари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ