сабота, 27 јули 2024

Јокиќ ќе игра за Србија на Олимписките игри

Навивачите на српската репрезентација може да бидат радосни, трикратниот НБА МВП играч одлучил да настапи за својата земја на престојните Олимписки игри во Париз.

Објавено на

часот

Сподели

Јокиќ кој претходно одбиваше да игра за Србија под изговор дека е уморен, овојпат реши да го брани дресот на татковината.

Веста за Јокиќ ја носи новинарот Марко Љубомировиќ кој тврди дека Србинот ќе настапи на големиот турнир во Париз.

Денвер оваа сезона не стигна ниту до конференциското финале, па Јокиќ ќе има доволно време да се одмори, а потоа да се стави на располагање на српската репрезентација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ