сабота, 27 јули 2024

Јокиќ ја доби МВП наградата, па ја растури Минесота (ВИДЕО)

Никола Јокиќ со извонредна партија го предводеше Денвер до победа од 112-97 над Минесота и водство од 3-2 во полуфиналната серија на западот, Њујорк со убедливи 121-91 славеше над Индијана.

Објавено на

часот

Сподели

Пред почетокот на мечот меѓу Денвер и Минесота, на Никола Јокиќ му беше врачена наградата за најкорисен играч на сезоната во НБА. Тоа беше трето МВП прзинание за Србинот.

Јокиќ беше незапирлив, играше исклучително добро против најдобриот дефанзивец во лигата, Руди Гобер. Српскиот кошаркар мечот го заврши со 40 поени, имаше и 13 асистенции и седум скокови. Најдобар во составот на Минесота беше Таунс со 23 поени.

Денвер води 3-2 во серијата, а следниот меч се игра во Минесота.

Њујрок лесно стигна до триумф над Индијана, и тие поведоа со 3-2 во полуфиналната серија на истокот.

Брансон блескаше, даде 44 поени, најдобар кај Индијана беше Сиакам со 22 поени.

Резултати:
Њујорк – Индијана 121-91 (3-2)
Денвер – Минесота 112-97 (3-2)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ