Вашингтон пред мечот со Денвер имаше само две победи, најслаб е во лигата и беше тотален аутсајдер на овој меч, но Нагетс успеаа да загубат од овој тим и покрај сензационалната партија на Јокиќ.
Јокиќ уфрли рекордни 56 поени, имаше 16 скокови и осум асистенции, следниот најефикасен кај Денвер беше Стоутер со 18 поени. Најдобар кај Вашингтон беше Пул со 39 поени, Шампањ реализираше 23.
Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг одиграа одличен меч во Торонто каде му донесоа триумф на Далас.
Дончиќ постигна трипл-дабл имаше 30 поени, 13 скокови и 11 асистенции, Ирвинг реализираше 29 поени, најефикасен кај Торонто беше Дик со 27 поени.
Резултати:
Њу Орлеанс – Оклахома 109-119
Вашингтон – Денвер 122-113
Њујорк – Детроит 111-120
Торонто – Далас 118-125
Бостон – Мемфис 121-127
Мајами – Феникс 121-111