сабота, 27 јули 2024

Јокиќ и Дончиќ со моќни партии ги предводеа своите тимови до победи (ВИДЕО)

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ имаа нови блескави изданија, Денвер со 125-119 го совлада Торонто, а Далас со 127-92 славеше на гостувањето кај Чикаго.

Објавено на

часот

Сподели

Денвер со пресврт во последната четвртина дојде до победата над Торонто, а херојот беше Никола Јокиќ.

Српскиот кошаркар беше убедливо најдобар на теренот, постигна 35 поени, имаше 17 скокови и 12 асистенции, додаде и шест украдени топки. Одличен беше и Мареј со 26 поени и 12 асистенции. Во составот на Торонто, Барет постигна 26 поени.

Далас беше убедлив на гостувањето кај Чикаго. Победата ја најавија уште во првата четвртина која ја добија со 44-16. Потоа го одржаа водството за конечен триумф од 127-92.

Лука Дончиќ постигна 27 поени, имаше 14 асистенции и 12 скокови. Најдобар кај Чикаго беше Битим со 17 поени.

Резултати:
Детроиот – Шарлот 114-97
Кливленд – Феникс 111-117
Чикаго – Далас 92-127
Сан Антонио – Голден стејт 102-112
Денвер – Торонто 125-119
Портланд – Бостон 99-121

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ