сабота, 27 јули 2024

Јокиќ и Денвер тргнаа со победа во плеј-оф серијата против Лејкерс (ВИДЕО)

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победа од 114-103 во првиот плеј-оф меч од серијата против Лејкерс.

Објавено на

часот

Сподели

Лејкерс и овојпат не можеа да го најдат лекот за Јокиќ и Денвер и го доживеаа 11 пораз во серија против актуелниот шампион.

Лејкерс подобро го почнаа натпреварот и со исклучок на првите неколку минути, водеа цела прва и повеќе од половина втора четвртина. Највисокото водство изнесуваше 12 поени разлика (49-37), но не го искористија тоа за да го уништат ривалот. Кога веќе ја пропуштија шансата, Денвер во третиот квартал ја презеде контролата над резултатот и по серијата од 13-0, поведе со 89-75. Тоа беше решавачки период на мечот затоа што во последната четвртина, предноста ретко се симнуваше на едноцифрена вредност, па Денвер мирно го приведе натпреварот кон крајот.

Ентони Дејвис и Леброн Џејмс одиграа извонреден меч, првиот постигна 32 поена и 14 скока, а вториот 27 поени, но немаа помош од соиграчите. Јокиќ беше најдобар кај Денвер со 32 поена, 12 скока и 7 асистенции, ама тука се истакнаа уште Мареј со 22 поена и 10 додавања, Портер со 19 поен и и 8 скока и Гордон со 12 поени, 11 скока и 7 асистенции.

Резултати:
Денвер – ЛА Лејкерс 114-103
Њујорк – Филаделфија 111-104
Филаделфија – Минесота 120-95
Кливленд – Орландо 97-83

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ