сабота, 18 мај 2024

Јокиќ и Денвер го поминаа Лејкерс, следува Минесота (ВИДЕО)

Денвер со 108-106 го победи Лос Анџелес Лејкерс и ја доби серијата со 4-1, во следното коло од плеј-офот во Западната конференција ќе се сретнат со Минесота.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот беше изедначен, до последните моменти не се знаеше победникот. Џемал Мареј со кош во самиот финиш донесе предност за Денвер од 108-106, Лејкерс во последниот обид не успеаа да постигнат кош од далечина и го загубија мечот.

Мареј беше најефикасен во составот на Денвер, постигна 32 поени, Портер реализираше 26, на Јокиќ му недостасуваше само една асистенција за трипл-дабл. Србинот постигна 25 поени, имаше 20 скокови и девет асисстенции. Во составот на Лејкерс најдобар беше Леброн Џејмс кој реализираше 30 поени, имаше 11 асистенции и девет скокови.

Во следното коло од плеј-офот Денвер ќе игра со Минесота која со максимални 4-0 го елиминираше Феникс.

Резултати:
Мајами – Бостон 88-102 (1-3)
Њу Орлеанс – Оклахома 89-97 (0-4)
Денвер – ЛА Лејкерс 108-106 (4-1)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ