четврток, 12 декември 2024

Јокиќ го помина Меџик Џонсон на вечната трипл-дабл листа (ВИДЕО)

Никола Јокиќ имаше одлична партија, но таа не беше доволна за победа на Денвер, тие загубија на гостувањето кај најдобриот тим на истокот оваа сезона, Кливленд со 126-114.

Објавено на

часот

Сподели

Јокиќ постигна 27 поени, имаше дури 20 скокови и 10 асистенции. За него ова беше 139 трипл-дабл учинок во НБА кариерата со тоа го помина Меџик Џонсон и сега е осамен на третата позиција. Пред него се само Оскар Робертсон со 181 трипл-дабл и Расел Вестбрук со 200.

Одличната партија на српскиот кошаркар не беше доволна за да се победи Кливленд кој маестрално ја почна оваа сезона. Најефикасен на теренот беше Мичел со 28 поени.

Трипл-дабл учинок ноќеска имаше и Лука Дончиќ во гостинската победа на Далас кај Вашингтон од 137-101.

Дончиќ даде 21 поен и имаше по 10 скокови и асистенции. Поефикасен од него во составот на Далас беше Кајри Ирвинг со 25 поени. Во составот на Вашингтон Бегли и Брогдон постигнаа по 16 поени.

Резултати:
Кливленд – Денвер 126-114
Вашингтон – Далас 101-137
Њујорк – Шарлот 125-101
Торонто – Оклахома 92-129
Мемфис – Сакраменто 115-110
Њу Орлеанс – Феникс 126-124
Сан Антонио – Чикаго 124-139
Голден стејт – Хјустон 99-93

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ