понеделник, 23 декември 2024

Јокиќ 21 минута немаше поен, а потоа со трипл-дабл му донесе победа на Денвер (ВИДЕО)

Денвер по продолжение го победи Њу Орлеанс со 132-129, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше во центарот на вниманието.

Објавено на

часот

Сподели

Овојпат затоа што по првите 21 минута тој немаше постигнато ниту еден поен, но за остатокот од времето стана играч на натпреварот.

Јокиќ првите поени ги уфрли од линијата за слободни фрлања кога намали на 47-59, потоа ги презема работите во свои раце, до крајот даде 27 поени, имаше 13 скокови и 10 асистенции со што го запиша десеттиот трипл-дабл оваа сезона.

27 поени даде и Мареј. Најефикасен во составот на Њу Орлеанс беше Хокинс со 25 поени, Мекалум даде 24.

Резултати:
Сакраменто – Индијана 95-122
Торонто – Хјустон 110-114
Њу Орлеанс – Денвер 129-132

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ