сабота, 27 јули 2024

Јокиќ влезе во историјата на НБА, Денвер го победи Голден стејт (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Денвер со 120-114 славеше против Голден стејт во божиќниот дуел, а Никола Јокиќ се запиша во историјата на НБА и тоа поради слободни фрлања.

Српскиот кошаркар стана првиот кој погодил 18+ слободни фрлања без ниту едно промашување. Во исто време се израмни и по бројот на погодени слободни фрлања на Божиќ.

Јокиќ постигна 26 поени на натпреварот, што значи дека над две третини му беа од слободни фрлања.

Најефикасен на мечот беше Мареј со 28 поени, во составот на Голден стејт, Вигинс постигна 22.

Резултати:
Њујорк – Милвоки 129-122
Денвер – Голден стејт 120-114
ЛА Лејкерс – Бостон 115-126
Мајами – Филаделфија 119-113
Феникс – Далас 114-128

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ