Течеа последните секунди од натпреварот кога Јокиќ од тешка позиција шутна за тројка и погоди со звукот на сирената носејќи му победа на својот тим.
Watch EVERY ANGLE of Jokic's 39-foot #TissotBuzzerBeater! pic.twitter.com/dZrmrxAEMZ
— NBA (@NBA) January 5, 2024
Во текот на последната четвртина Голден стејт имаше 18 поени предност, беше 123-105 но тогаш почна неверојатна серија на Денвер, гостите направија 25-4 и на неверојатен начин дојдоа до триумф.
Најдобар на мечот беше човекот кој го реши победникот, Никола Јокиќ кој постигна 34 поени, имаше десет асистенции и девет скокови, одличен беше и Гордон со 30 поени, исто толку кај Голден стејт имаше Стеф Кари.
Интересно беше и на мечот меѓу Сан Антонио и Милвоки каде благодарение на одличната партија на Јанис Адетокумбо, гостите дојдоа до триумф од 125-121.
Адетокумбо постигна 44 поени, имаше и 14 скокови. Најефикасен кај Сан Антонио беше Весел со 34 поени, Вембанјама реализираше 27 поени.
Резултати:
Сан Антонио – Милвоки 121-125
Голден стејт – Денвер 127-130