Денвер моќно го отвори мечот со Лејкерс, првата четвртина ја доби со 34-20 и до крајот на мечот го држеше водството. Гостите во последниот период дојдоа до -3, но кога го направија тоа шампионот додаде гас, брзо повторно стигна до двоцифрена предност и на крајот победи со 119-107.
Јокиќ беше најдобар на теренот, даде 29 поени, имаше 13 скокови и 11 асистенции, Џемал Мареј постигна 21 поен. Кај Лејкерс најдобар беше Леброн со 21 поен, имаше и 8 скока и 5 асистенции.
Голден стејт и Феникс одиграа изедначен натпревар кој на крајот го добија гостите. Двете екипи се менуваа во водство, а последниот период им припадна на сонцата со 28-18 за на крајот да дојдат до триумф од 108-104.
Букер беше најефикасен со 32 поени во составот на Феникс, Дурент имаше дабл-дабл учинок постигна 18 поени со 10 скокови. Во домашниот тим Стеф Кари постигна 27 поени.
Резултати:
Денвер – ЛА Лејкерс 119-107
Голден стејт – Феникс 104-108