сабота, 27 јули 2024
НБА

Јокиќ со трипл-дабл го предводеше Денвер до полуфинале и дуел со Феникс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Денвер ја оправда улогата на фаворит и ја совлада Минесота. Во последната четвртина се влезе со нерешен резултат, но домаќините подобро се снајдоа во последните 12 минути и го добија мечот со 112-109. Одлична партија имаше Никола Јокиќ кој постигна 28 поени, имаше 17 скокови и 12 асистенции, најефикасен беше Џемал Мареј со 35 поени, кај Минесота Едвардс реализираше 29 поени.

Денвер во полуфиналето на западот ќе игра против Феникс кој со 136-130 беше подобар од ЛА Клиперс и со 4-1 ја доби серијата. Букер повторно имаше свое шоу, овојпат постигна 47 поени, имаше 10 асистенции и осум скокови, одличен беше и Дурент со 31 поен. Кај Клиперс, Пауел постигна 27 поени.

Тоа што го направија Денвер и Феникс, не му успеа на Бостон, тие дома загубија од Атланта со 119-117 и ќе треба да се помачат за да ја добијат серијата. Моментално водат со 3-2. Триумфот за Хоукс го донесе Тре Јанг со кош во последните секунди од мечот. Со звукот на сирената потоа се обиде Тејтум, но не беше прецизен. Јанг постигна 38 поени, кај Бостон најефикасен беше Браун со 35.

Резултати: Бостон – Атланта 117-119 (3-2), Денвер – Минесота 112-109 (4-1), Феникс – ЛА Клиперс 136-130 (4-1).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ