сабота, 27 јули 2024

Јокиќ со трипл-дабл го предводеше Денвер до нова победа (ВИДЕО)

Денвер со 125-113 го совлада Њу Орлеанс, а Никола Јокиќ уште еднаш беше најдобар на теренот.

Објавено на

часот

Сподели

Никола Јокиќ го запиша својот прв трипл-дабл за оваа година откако постигна 27 поени, имаше 14 асистенции и 10 скокови. Србинот имаше поддршка од Мареј и Портер кои постигнаа по 20 поени.

Во составот на Њу Орлеанс, Вилиамсон постигна 30 поени, тој беше најефикасниот играч на натпреварот.

Тандемот Томсон и Кари му донесоа победа на Голден стејт на гостувањето кај Чикаго од 140-131.

Томсон постигна 30 поени, Кари имаше 27. Убедливо најдобар на теренот беше играчот на Чикаго, Дероузен, но неговите 39 поени не беа доволни за да се избегне пораз од поранешниот шампион.

Резултати:
Атланта – Индијана 108-126
Детроит – Хјустон 110-112
Филаделфија – Сакраменто 112-93
Чикаго – Голден стејт 131-140
Мемфис – ЛА Клиперс 119-128
Мајами – Орландо 99-96
Минесота – Портланд 116-93
Сан Антонио – Шарлот 135-99
Јута – Торонто 145-113
Денвер – Њу Орлеанс 125-113

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ