Чикаго беше одличен во првото полувреме, по две четвртини водеше со 53-51. Но работите се променија во вториот дел од мечот. Следуваше многу подобра партија на Денвер и на крајот победа од 22 поени разлика, 123-101.
Никола Јокиќ постигна 28 поени, имаше 16 скокови и девет асистенции, одличен беше и Потер во составот на Денвер кој постигна 27 поени. Најдобар кај Чикаго беше Вучевиќ со 19 поени.
Резултати:
Филаделфија – Феникс 112-100
Индијана – Шарлот 124-125
Њу Орлеанс – Атланта 105-123
Орландо – ЛА Лејкерс 120-101
Бруклин – Бостон 114-124
Хјустон – Сакраменто 107-89
Минесота – Јута 123-95
Денвер – Чикаго 123-101