сабота, 19 октомври 2024

Јокиќ со 42 поени го предводеше Денвер до победа во Вашингтон (ВИДЕО)

Никола Јокиќ имаше уште едно одлично издание оваа сезона, српскиот кошаркар беше најдобар во победата на Денвер над Вашингтон од 113-104.

Објавено на

часот

Сподели

Вашингтон имаше водство само во првите минути, потоа Денвер го сврте резултатот, направи предност која без проблем ја одржуваше до крајот на мечот.

Никола Јокиќ беше толку добар што дури и навивачите на Вашингтон му скандираа „МВП“. Србинот го заврши мечот со 42 поени и 12 скокови. Имаше и осум асистенции.

Мареј и Портер постигнаа по 19 поени. Во составот на Вашингтон најефикасен беше Кузма со 17 поени.

Резултати:
ЛА Клиперс – Бруклин 125-114
Орландо – Мајами 105-87
Вашингтон – Денвер 104-113
Хјустон – Бостон 107-116
Феникс – Индијана 117-110
ЛА Лејкерс – Портланд 134-110

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ