сабота, 27 јули 2024

Јокиќ оствари трипл-дабл без ниту едно промашување (ВИДЕО)

Денвер синоќа го растури Мемфис со 142-105, а Никола Јокиќ имаше совршено остварување, постигна трипл-дабл без ниту едно промашување.

Објавено на

часот

Сподели

Јокиќ го постигна својот 11. трипл-дабл оваа сезона, а овој беше посебен. Јокиќ реализираше 26 поени без ниту едно промашување, имаше уште 14 скокови и 10 асистенции. Тој стана прв кошаркар по Вилт Чембрлен со три трипл-дабл учиноци без промашување. Зад нив остана Дрејмонд Грин со два такви учиноци.

Јокиќ беше и најдобар стрелец на мечот, Мареј постигна 23 поени. Кај Мемфис, Бејн даде 23.

Резултати:
Бостон – Детроит 128-122
Чикаго – Индијана 104-120
Минесота – Далас 118-110
Њу Орлеанс – Јута 112-105
Денвер – Мемфис 142-105
Голден – Мајами 102-114
Портланд – Сан Антонио 105-118
ЛА Лејкерс – Шарлот 133-112

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ