сабота, 27 јули 2024
НБА

Јокиќ го предводеше Денвер до нова победа над Феникс, Филаделфија направи брејк во Бостон (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Денвер одигра неверојатна одбрана во последната четвртина, ја доби со 27-14 и со пресврт дојде до триумфот од 97-87.

Џемал Мареј овојпат имаше скромен учинок со десет поени, но истапи Никола Јокиќ кој постигна 39 поени и имаше 16 скокови. Во составот на Феникс најдобар беше Букер со 35 поени, Дурент постигна 24.

Филаделфија направи изненадување откако го совлада Бостон на негов терен со 119-115 и поведе со 1-0. Џејмс Харден постигна дури 45 поени, во составот на домаќините најдобар беше Тејтум со 39 поени и 11 скокови.

Резултати: Бостон – Филаделфија 115-119 (0-1), Денвер – Феникс 97-87 (2-0)
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ