Далас имаше водство само во првите минути од натпреварот, откако Денвер ја презема предноста, го контролираше резултатот до самиот крај и дојде до триумф од девет поени разлика.
Најефикасен на мечот беше Лука Дончиќ со 34 поени, имаше и десет скокови и осум асистенции. Јокиќ имаше поен помалку, постигна 33 поени, имаше 14 скокови и девет асистенции.
Резултати:
Индијана – Кливленд 121-116
Милвоки – Њујорк 110-105
Чикаго – Бруклин 107-109
Мајами – Вашингтон 121-114
Оклахома – Голден стејт 139-141
Денвер – Далас 125-114
Портланд – Мемфис 115-113