среда, 19 март 2025

ЈО: Седум полициски службеници осомничени за тешки дела против општата сигурност

Јавното обвинителство соопшто дека наредило за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници за кои постои сомневање дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност.

Објавено на

часот

Сподели

Во наредбата на предметниот јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, пишува дека службените лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани учествувале во издавањето на лиценцата за работа на дискотеката во Кочани.

„Службените лица, како соизвршители, изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Осомничените предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што на 16 март во објектот настанал пожар во кој починале 59, а 196 добиле тешки телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети условите, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за сите седум лица“, соопшти ЈО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ