недела, 20 октомври 2024

ЈО предложи притвор за мајка осомничена за тепање на сопствените деца

Објавено на

часот

Сподели

Осомничената, на 7 мај во вечерните часови, во станот во кој престојувала на улицата „Орце Николов“ во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ги повредила своите деца на возраст од 5 и 4 години. Таа ги удирала децата по телата и главите, нанесувајќи им повеќе телесни повреди – хематоми.

„Во конкретниот случај постојат очигледни околности кои на јавниот обвинител му укажуваат дека постои опасност осомничената да избега доколку  биде пуштена да се брани од слобода. Со оглед на тоа што присуството на осомничената во оваа фаза oд кривичната постапка не може да се обезбеди со ниту една друга мерка за обезбедување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, наведува Обвинителството. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ