Судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово по барање на јавниот обвинител му определил мерка притвор од 30 дена.
Од државното Јавно обвинителство денеска информираа дека осомничениот, на 2 јануари во вечерните часови, го запрел 11-годишното дете и на сила го одвлекол во објект во изградба во близина на неговиот дом во Желино, по што почнал пред него да врши други полови дејствија. Детето повикало помош, но осомничениот не му дозволувал да замине, се додека повиците не ги слушнал таткото на детето и му се спротивставил, по што осомничениот се дал во бегство.