сабота, 25 мај 2024

JO: Главно мирно, но има сомневања за поткуп при изборите

Општинското јавно обвинителство Велес вчера поднесовме пријава за сомневања за изборен поткуп и пронајдено оружје и муниција и беше оформен предмет за две лица. За едното лице веќе има итна постапка со предлог за притвор за поголемо количество оружје и муниција кои беа пронајдени кај него. За второто лице предметот ќе оди во редовна постапка. Известивме и за сомневања за поткуп на гласачи беа примени и во Охрид и во Крива Паланка, меѓутоа до овој момент за овие настани не е поднесена кривична пријава до надлежните обвинителства. Доколку биде поднесена пријава, обвинителствата веднаш ќе преземат дејствија на проверки, изјави попладнево јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, кој е и претседател на Комисијата на ЈОРСМ за следење на евентуално кривични дела поврзани со изборите.

.

Објавено на

часот

Сподели

Бајрами ијзави дека денешниот изборен ден поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес.

„И понатаму до овој момент станува збор за мал број настани кои би можеле евентуално да имаат обележја на кривично дело, па може да се даде една генерална оценка дека целиот изборен процес до овој момент поминува без поголеми нарушувања од аспект на јавнообвинителското постапување.

Привремената Комисија на јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности и денеска продолжува да го следи целиот тек на изборниот процес, а нашата електронска адреса [email protected] останува отворена за сите евентуални пријави на сомненија за кривично дело кое би можело да го наруши текот на изборите. И денеска се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а тесно се координираме и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес.

Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства“, изјави јавниот обвинител Бајрами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ