сабота, 27 јули 2024

ЈО: Екстрадицијата на Палевски ќе ја спроведе МВР

Јавното обвинителство Македонија тукушто е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се одобрува екстрадицијата на лице осомничено за две кривични дела грабнување, како и за две убиства на свиреп начин. Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи, соопшти ЈО.

Објавено на

часот

Сподели

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување.
Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Љупчо Палевски Палчо повеќе од три месеци е во екстрадациски затвор во Турција. За соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во домашен притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето. Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, кој е осомничен за помагање при бегството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ