„Има нов колективен договор, нови одлуки на Министерството за финансии и нов начин на зголемување на платите. Од јануари директорката на ДИЦ ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто. Мислам дека со тоа проблемот ќе се реши. Јас никогаш не велам дека не треба повисоки плати. Но, кога некој во јавноста сака да стане популарен и да блокира 500 наставници, тоа не е во ред“, изјави Шаќири.
И за проблемот во основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, министерот вели дека барање за отворање на паралелка на албански јазик имало и од претходниот директор на училиштето.
„Тоа барање го проследи и актуелната директорка. За оваа потреба има и записник од просветен инспектор. Се работи за паралелка на албански јазик од шест првачиња. Тука нема никаква политика. Тоа се обидов да им го кажам и на родителите кои се против отворањето на оваа паралелка и на градоначалникот на Чашка. Правото на образование на мајчин јазик е уставно право. Тоа важи за сите, секаде, и во Струга, и во Битола, и во Велес… Тоа е основно право. За овој проблем дискутирав и со претставниците на меѓународната заедница во земјата. И нивната реакција се сведе само на оваа реченица – ‘ние мислевме дека овие дискусии се веќе завршени’. Кога во едно училиште има барање од родители за отворање на паралелка на мајчин јазик тоа треба да се спроведе. После 3-4 години оваа дискусија ќе биде безвредна. Оваа постапка е почната од месец август и тука нема политика. Ако опозицијата сака политички притисок да направи со непочитување на уставното право, јас за тоа немам коментар. Јас овие барање каде и да се и од кого и да се ќе ги поддржам“, рече Шаќири.