Портпаролот на движењето Хути, сојузник на Иран, рече дека балистичка ракета погодила „воена цел“ во Јафа.
Болничарите им даваа помош на лицата со полесни повреди од шрапнели, а некои се пренесени во болница, се вели во соопштението на Итната помош.
Израелската полиција соопшти дека добила извештаи за паднат проектил во град во околината на Тел Авив.
Хутите повеќе пати гаѓаа со беспилотни летала и проектили врз Израел во, како што ги опишаа, акции на солидарност со Палестинците во Газа.
Израел во четвртокот започна напади врз пристаништата и енергетската инфраструктура во деловите на Јемен под контрола на Хутите и се закани со нови напади против јеменската група.