сабота, 27 јули 2024

Јавнообвинителската и судска служба продолжува со штрајкот, Владата не одговори за платите

Заврши првата средба меѓу претставниците на Синдикатот на УПОЗ и Владата за барањата за зголемување на платите за 78 проценти и враќање на додатоците на плата за вработените во јавнообвинителската и судската служба. Следната недела треба да се одржи нова средба на која Синдикатот на УПОЗ очекува конкретен предлог од Владата. Штрајкот продолжува додека не се добие одговорот, рекоа од синдикатот

Објавено на

часот

Сподели

„Конкретен одговор на нашите барања не добивме. Очекуваме тоа да биде идната недела и кога ќе добиеме понуда, таа ќе ја пренесеме на нашето членство кое ќе одлучи понатаму дали ќе ја прифати или не и дали ќе продолжиме со штрајкот“, изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски по средбата во Владата. 

Покрај барањата, како што посочи Деаноски, разговарале и за висината на моменталните плати.

к

 „Се договоривме наредната недела да се достават уште неколку податоци, особено за судовите. Тоа ќе го направи Министерството за финансии. Ќе се сретнеме во вторник или во среда уште еднаш за да видиме дали од спротивната страна ќе добиеме конкретна понуда за нашите барања“, нагласи Деаноски и додаде дека побарале разговорите да завршат за десетина дена.

Штрајкот, како што изјави, ќе трае додека да добијат одговор од Владата. Дотогаш, ќе се работат само итните предмети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ