сабота, 27 јули 2024

Јавниот долг на еврозоната падна на 88,6 отсто од БДП, Грција најзадолжена

На крајот на четвртото тримесечје од 2023 година, јавниот долг на земјите од еврозоната падна од 89,9 отсто во претходното тримесечје, на 88,6 отсто, објави денеска Евростат.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во Европската Унија, јавниот долг на крајот на четвртиот квартал од 2023 година изнесувал 81,7 отсто од БДП, што претставува намалување за 0,7 проценти во однос на претходниот квартал.

Во однос на четвртиот квартал од 2022 година, јавниот долг на еврозоната е намален за 2,2 отсто, а јавниот долг на Европската Унија за 1,7 отсто. Најголем дел од јавниот долг во четвртиот квартал од 2023 година сочинувале обврзниците, поточно 83,4 отсто во еврозоната и 82,9 отсто во Европската Унија.

Најзадолжена земја во Европската Унија на крајот од четвртиот квартал на ЕУ е Грција со долг од 161,9 отсто од БДП, потоа Италија со долг од 137,3 отсто од БДП, како и Франција со долг од 110,6 проценти од БДП.

За разлика од нив, најмалку задолжена земја од еврозоната е Естонија со долг од 19,6 отсто од БДП, потоа Бугарија со долг од 23,1 отсто од БДП и Луксембург со 25,7 отсто од БДП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ