сабота, 27 јули 2024

Јавен превоз утре ќе има само до 9 часот наутро

Првиот автобус на ЈСП ќе биде во 4:30 часот, а последниот во 9:00 часот. Автобусите ќе повлечат во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров и нема да има јавен превоз. Вработените во ЈСП во 10:30 ќе одат пред Град Скопје, каде утре на седница Советот ќе расправа за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра, пари кои треба да бидат искористени за исплата на декемвриската плата, која доцни, а која воедно е причина за штрајкот на вработените.

Објавено на

часот

Сподели

„Вработените во ЈСП имаат срце и душа да им излезат во пресрет на граѓаните на Скопје, на болните, децата., вработените да стигнат на своите работни места. Меѓутоа во 9:00 часот автобусите се повлекуваат во база. Во 10:30 часот вработените на ЈСП ќе бидат пред Советот на Град Скопје, каде што ќе се носи иодлуката за субвенционирање  на јавниот градски превоз и таму ќе бидат се додека не се донесе одлуката за субвенционирање“, вели Миќо Стојановски, Синдикат на ЈСП.

Тој додава сека штом платите за декември ќе легнат на сметките на вработените во ЈСП веднаш влезат во автобусите и ќе сообраќаат низ улиците на Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ