петок, 25 октомври 2024
Влада

Јавен повик за универзален снабдувач на електрична енергија

Владата донесе решение за формирање на Комисија за спроведување на постапка за избор на универзален снабдувач на електрична енергија. 

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата, како што стои во соопштението од владината прес-служба, треба да ја спроведе целокупната постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија по пат на јавен повик, односно да го подготви јавниот повик, тендерската документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите. Комисијата ќе треба да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач или предлог за поништување на постапка.

„Изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија“, велат од Владата

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ