петок, 13 декември 2024

„Јастребите“ без милост за „стршените“ од Шарлот

Објавено на

часот

Сподели

Победите на Милвоки бакс во дуелот со Детроит пистонс (102-93) и на Атланта хоукс во пресметката со Шарлот бобкетс се единствените работи за одбележување од синоќешната програма во кошаркарската НБА-лига.

Триумфот на „елените“ од Милвоки знаше многу на нивниот тренер Скот Скајлс, кој станат 39-ти тренер во НБА-лигата, кој успеал да стигне до 400 победи. Тој во моментов има скор 400-388. Брендон Џенингс со 25 поени беше најзаслужен за јубилејниот триумф на неговиот тренер.

„Јастребите“ од Атланта, пак, стигнаа до осмата победа во досегашните 12 средби од новата сезона со што и понатаму остануваат во категоријата на најдобри екипи во новото НБА-првенство. Џош Смит даде 30 поени заедно со 13 скока, а Џо Џонсон имаше учинок од 23 поени, осум асистенции и седум скока.

Кошаркарите на Кливленд кавалирс дојдоа до изнендувачка победа на гостувањето против Феникс санс (101-90) со што дојдоа до половичен успех во досгашниот дел од сезоната (5-5).

РЕЗУЛТАТИ: Мемфис- Њујорк 94-83, Атланта-Шарлот 111-81, Милвоки-Детроит 102-93, Феникс-Кливленд 90-101, Г. Стејт-Орландо 109-117.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ