сабота, 27 јули 2024

Јас сум Џони. Јас сум тех-зависник.

Објавено на

часот

Сподели

Некои клиники почнаа да третираат лечење од ФБ, интернет и тех зависности

Вестите дека Македонија ќе остане без Фејсбук, Јаху и слични интернет-сервиси, разочараа многумина „зависници“. А замислете, згора на тоа и да ви го одземат мобилниот телефон, или не дај боже целиот компјутер! Каков живот би било тоа и што би правеле?
А не беше баш толку одамна кога ни понудија компјутер, мобилен телефон, мејлови, Фејсбук…
Пред да се случи таа понуда, сите се наоѓавме и комунициравме без недоразбирања. Имаше еден долг период, кога беше некултурно да се ѕвони на домашниот телефон помеѓу 15 и 17 часот попладне, зашто тоа беше време за одморање. Фиксните телефони стануваа активни дури по 17.30 часот, кога почнуваа и договарањата каде да се излегува вечер. И со кого. Се случуваа и изненадувања. Некој што сакате да го најдете ете, ѕвони на „домашниот“. Речиси беше невозможно да се јави и оној што не сакате да го најдете.
Денес мобилните телефони се најжешки меѓу 15 и 17 часот. И најмногу ве бараат оние што не сакате да ве најдат. А навечер, дузина „зделки“ се префрлени на Фејсбук. Многубројните анкети покажаа дека луѓето на Фејсбук се посмели отколку при средбите во живо. На Запад, веќе се отвораат клиники што лекуваат од ваквите зависности, а и хипнотизерите за одвикнување од зависности веќе на големо наплаќаат за најбараната услуга, одвикнување од компјутер!

Прво се роди алтаир

Роберт Нојс од „Ферчајлд семикондуктор“ и Џек Килби од „Тексас инструментс“, независно еден од друг, го создадоа првиот базичен модел на компјутер, во 1958 година. Вистинска револуција беше „глушецот“, измислен од Даглас Енгелбарт во 1965. Но уште многу требаше да се работи за да се добие првиот персонален компјутер, наречен микрокомпјутер (1975), во јавноста познат како „алтаир 8800“. Пет години подоцна се појави и првиот оперативен систем МС-Дос (MS-Dos). Благодарение на овие два изума, се создаде првата софтверска куќа на планетава, „Мајкрософт“.

Од едно истражување, цел метеж

IBM 5150

Интернетот настана како дел од истражувањето на „Арпа“ (Агенција за проекти за развој), предводена од Министерството за одбрана на САД. Идејата беше да се формира една мрежа што ќе поврзе повеќе компјутери. Во 1969 беше реализирано првото поврзување, и тоа меѓу четири американски универзитети. Во 1991 беше најавено раѓањето на првата Ворлд вајд веб (World Wide Web).

Флопи-дискот беше измислен во 1967 од страна на ИБМ, но првпат беше вграден во персонален компјутер дури 8 години подоцна, од италијанската компанија „Оливети“.

Види, зборувам без жица!

Директорот на одделението за истражувања на „Моторола“, Мартин Купер, беше „виновникот“ за изумот мобилен телефон, во 1973 година, а не беше ни свесен какво чудо измислил! Поминаа добри десет години за „Моторола“ да одлучи да го произведе тоа чудо на Купер. И тоа сомневајќи се дали ќе има успех. Првите мобилни телефони што се појавија во продажба беа кабести колку и фиксните, а чинеа цели 4.000 долари! Истата година беше измислен и првиот ГПС, како еден сателитски систем.

Мартин Купер со првиот мобилен телефон

 

Гледај ме на Ју-тјуб!

Чен, Харли и Карим го овозможија системот што дозволува закачување видеоспотови на Интернет. Тоа не беше толку одамна, во 2005 година. Тој систем го нарекоа „Ју-тјуб“. Година подоцна „Сони“ ја создаде првата интернет-библиотека, односно систем што дозволува читање книги во дигитален формат. Првиот модел на оваа библиотека содржеше само 25 книги. Но набргу „Сони“ успеа на јавноста да ѝ стави на располагање дури 10.000 наслови. Книгите почнаа да се наплаќаат.

„Ју тјуб” се појави дури во 2005., а како цел живот да сме со него…

Епл

 
Во 2007 година се појави првиот ајфон. Го лансираше компанијата „Епл“. Практично, тоа е миникомпјутер со многубројни апликации. Беше замислен да може со него и да се телефонира и да се користи Интернет, и тоа без тастатура, туку со допир. Дури во 2010 се појави првиот ајпад, креиран повторно од „Епл“, а година подоцна и усовршениот модел, и многу полесен, наречен ајпад 2. Фејсбук следуваше години подоцна, измислен како интерна игра за комуникација помеѓу неколку студенти од оддалечените универзитети во САД. Играта се виде премногу сериозна, па набргу момците беа „откупени“.
До каде ќе оди техникава не можеме ни да замислиме. Ако на нашите деца основна играчка им се лаптопот и мобилниот телефон, а главна забава Фејсбук, сигурно е дека нашите внуци ќе се згрозуваат на „Снежана“ и сличните. Зашто нивните играчки ќе бидат премногу „марсовски“ дури и за сегашните најголеми ИТ-познавачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ