сабота, 27 јули 2024

Јаревски до Груби: Бехтел и Енка во Србија учествуваше на тендер со дупло поевтини суми од тука

Објавено на

часот

Сподели

„Бехтел и Енка во Србија се одбрани со тендер, кај нас директно, без тендер со договор напишан во 4 очи.

Автопатот со приближно иста должина во Србија вреди 750 милиони евра, во Македонија почетната вредност со истата Бехтел и Енка вреди 1.350 милијарди евра.

Километар автопат во Србија од Бехтел и Енка вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра.

Надзор во Србија е професионална фирма, надзор во Македонија е фирма за долна облека со 4 вработени.

ВМРО-ДПМНЕ не е против градба на автопат, напротив истиот автопат за Коридорот 8 го има и во нашата програма, но сме против пљачката на векот каква сега имаме пред очи.

И кога Груби ќе збори за антиалбанство (омилената теза на ДУИ секогаш кога се фатени апла во криминал) има ли поголемо антиалбанство и антидржавен елемент од тоа да се богати кастата на власт, на грбот на напатениот народ.

Друг пат Груби кога ќе произведува лажни вести, нека има на ум дека сѐ што лета не се јаде“, се вели во реакцијата на Јаревски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ