петок, 27 декември 2024

Јапонскиот премиер: Украина ризикува колапс без американската поддршка

Украина ризикува колапс под руските напади без американска поддршка, што би било катастрофа која би можела да ја охрабри Кина и да разгори нова криза во источна Азија, им кажа јапонскиот премиер на американските пратеници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот говор на јапонски премиер во последните девет години пред американскиот Конгрес, Фумио Кишида ги повика Американците да не се сомневаат во својата „незаменлива улога“ во глобалните прашања и кажа дека Токио спроведува историска милитаризација.

Со недели е блокирано барањето на американскиот претседател Џо Бајден за 60 милијарди помош за Киев, бидејќи републиканскиот претседател на Претставничкиот дом Мајк Џонсон одбива да дозволи гласање за прашањето кое е причина за поделби пред претседателските избори на 5 ноември.

„Сакам да им се обратам на оние Американци кои чувствуваат осаменост и замор дека се земјата која мора да го одржува меѓународниот ред“, кажа Кишида.

„Американското лидерство е незаменливо. Без американската поддршка, колку уште остана додека надежите на Украина се урнат под руските напади: Без американското присуство, колку остана до соочувањето на Индо-Пацификот со уште потешка реалност?“

Обраќањето на заедничките седници на американскиот Сенат и Претставничкиот дом начелно е резервирано за најблиските американски сојузници или големи светски личности, а обично се случува најмногу двапати годишно. Последното обраќање беше тоа на израелскиот претседател Исак Херцог во 2023.

Кишида е вториот јапонски премиер кој има привилегија да се обрати на заедничката седница по Шинзо Абе во 2015 година.

Кишида кажа дека светот е на „историска пресвртница“, дека постои „закана за слободата и демократијата“, дека земјите во развој имаат повеќе економска моќ, а дека климатските промени и брзиот напредок на вештачката интелигенција ги попречуваат животите на луѓето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ