сабота, 27 јули 2024

Јапонскиот премиер: Нема да влеземе во НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Кишида ова го кажа откако јапонскиот амбасадор во Соединетите Американски Држави претходно месецов кажа дека воениот пакт предводен од Вашингтон планира да отвори канцеларија во Токио, прва во Азија, за да се „олеснат консултациите“ во тој регион.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Мао Нинг изјави дека азиско-пацифичкиот регион „не го поздравува“ потегот на Јапонија за отворање на канцеларијата, кажувајќи дека Токио би требало да биде „исклучително внимателен околу воената безбедност“ имајќи ја предвид неговата агресивна историја.

Кишида планира да учествува на самитот на НАТО кој ќе се одржи во јули во Литванија, јави новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на функционери на јапонската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ