вторник, 22 октомври 2024

Јапонскиот премиер најави оставка по серијата скандали

Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека ќе се повлече од функцијата во септември, завршувајќи го тригодишниот мандат нарушен со политички скандали и отворајќи го патот за нов премиер кој ќе треба да се справи со влијанието на растот на цените.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Политиката не може да функционира без доверба на јавноста“, рече Кишида на прес-конференција на која ја објави својата одлука да не се кандидира повторно за лидер на Либерално-демократската партија (ЛДП).

„Сега ќе се фокусирам на поддршката на новоизбраниот лидер на ЛДП како обичен член на партијата“, додаде тој. Неговата одлука да поднесе оставка започнува трка за негова замена како претседател на партијата, а со тоа и шеф на четвртата по големина економија во светот.

Јавната поддршка на Кишида опадна поради откритијата за врските на ЛДП со контроверзната Црква на обединување и политичките донации дадени на партиски настани за собирање средства кои останале неевидентирани. Но, тој се соочи и со јавно незадоволство поради тоа што платите не се во чекор со зголемените трошоци за живот.

„Актуелниот премиер на ЛДП не може да учествува во претседателската трка освен ако не му е осигурена победата“, рече политичкиот аналитичар Коичи Накано.

Кој и да го наследи Кишида на чело на ЛДП, ќе мора да ја обедини распаднатата владејачка коалиција и да се справи со зголемените животни трошоци, ескалацијата на геополитичките тензии со Кина и потенцијалното враќање на Доналд Трамп како претседател на САД следната година.

Осмиот по стаж најдолготраен повоен лидер, Кишида ја изведе Јапонија од пандемијата на ковид со огромни стимулации. Тој, исто така, го назначи Казуо Уеда за гувернер на Банката на Јапонија (БОЈ), академик задолжен да стави крај на радикалните монетарни стимулации на својот претходник.

БОЈ неочекувано ги зголеми каматните стапки во јули, бидејќи инфлацијата земаше замав, што ја зголеми нестабилноста на берзите и предизвика остар пад на јенот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ