сабота, 27 јули 2024

Јапонскиот премиер го смени сопствениот син поради недолично однесување

Објавено на

часот

Сподели

Тие на тој начин сакале да ги имитираат фотографиите на новоименуваните владини кабинети, а Шотаро се наоѓал во средина, позицијата резервирана за премиерот. Други фотографии снимени на забавата одржана на 30 декември минатата година прикажуваат гости на подиум како да држат прес конференција.

Оставката на Шотаро Кишида е удар за неговиот татко, чиј рејтинг се подобри по овомесечниот самит на Г7 во Хирошима и наводниот обид за атентат врз него. „Имајќи предвид дека е секретар за политички прашања на премиерот, што е јавна позиција, неговите постапки биле непримерни и одлучив да го сменам за да ја преземам одговорноста. Нормално, одговорноста за неговото именување е моја“, кажа Фумио Кишида.

Најави дека неговиот син ќе го замени долгогодишниот личен помошник Такајоши Јамамото. Главниот секретар на кабинетот Хироказу Матсуно претходно настанот го опиша како „непримерен“ и вети дека ќе обезбеди резиденцијата повеќе да не се користи непрописно.

Зградата стара речиси 100 години претходно служеше како кабинет на премиерот, а претворена е во станбен простор кога во 2005 беше изграден новиот кабинет. Ова не е првпат 32-годишниот Шотаро да е критикуван за злоупотреба на официјалната позиција.

Во јануари беше критикуван за користење на автомобил на амбасада за приватни патувања во Британија и Париз и купување сувенири за членовите на кабинетот во луксузна стоковна куќа во Лондон.

Кишида кажа дека својот син остро го прекорил, но тоа не ги ублажи критиките од јавноста и опозициските пратеници кои го обвинуваат за непотизам. Шотаро почна да работи за својот татко во март 2020, а Кишида инсистираше дека го именувал својот син поради неговите „карактер и снаодливост“.

Именувањето на членови на семејството како чекор за нивно подготвување за наследник е вообичаено во јапонската политика. Шотаро претходно беше секретар на својот татко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ