понеделник, 21 октомври 2024

Јапонската влада ги охрабрува компаниите да усвојат четиридневна работна недела

Јапонските власти, во обид да го надоместат загрижувачкиот недостиг на работна сила, охрабруваат се поголем број компании да усвојат четиридневна работна недела, според неодамнешна студија потенцијалниот недостиг се проценува на неверојатни милион работници до 2040 година, пренесува Њујорк пост.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јапонската влада првпат поддржа пократко работно време во 2021 година, откако и пратениците ја поддржаа идејата.

Сепак, според податоците на јапонското Министерство за здравство, труд и социјална заштита, само околу осум отсто од компаниите во Јапонија им дозволуваат на вработените да земаат три или повеќе слободни денови, додека седум отсто од компаниите на работниците им го даваат само законски предвидениот еден слободен ден.

Надевајќи се дека ќе привлече повеќе заинтересирани компании, особено меѓу малите и средни претпријатија, владата започна кампања за реформи во начинот на работа, која промовира пократко работно време и други флексибилни работни аранжмани, заедно со ограничувања на прекувремената работа и платен годишен одмор.

„Со реализација на општество во кое работниците можат да избираат меѓу различните стилови на работа врз основа на нивните околности, ние имаме за цел да создадеме етички циклус на раст и развој и да му овозможиме на секој работник да има подобра перспектива за иднината“, се вели на веб-страницата на министерството за кампањата, позната како „хатаракиката кајикаку“, што значи „иновирање како работиме“.

Министерството за труд неодамна почна да нуди бесплатни консултации како дополнителен поттик за јапонските работодавци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ