сабота, 27 јули 2024

Јапонија воведе дополнителни санкции против Русија, критика за распоредувањето нуклеарно оружје во Белорусија

Објавено на

часот

Сподели

Главниот секретар на владата на Јапонија Хироказу Мацуно изјави за новинарите дека одобрението на владата покажува дека Јапонија е во чекор со останатите земји од Групата 7 (Г7) кои на самитот во Хирошима минатата недела се согласија да ги задржат и зајакнат санкциите против Русија.

Тој исто така рече дека Јапонија е посветена на соработка со другите земји од Г7 и пошироката меѓународна заедница со цел да се „подобри ситуацијата“ за Украина.

Мацуно силно го критикуваше и вчерашното потпишување на договорот меѓу Русија и Белорусија за официјализирање на распоредувањето на тактичкото нуклеарно оружје на Москва на територијата на Белорусија. Мацуно оцени дека овој потег „дополнително ќе ги ескалира тензиите“.

„Како единствена земја во светот која претрпе нуклеарни напади, Јапонија смета дека руските закани со нуклеарно оружје и негова употреба се апсолутно неприфатливи. Јапонската влада бара Русија и Белорусија да престанат со акциите што дополнително ги ескалираат тензиите додека продолжуваме со голема загриженост го следиме развојот на настаните“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ