петок, 18 октомври 2024

Јапонија во трговски минус првпат по 30 години

Објавено на

часот

Сподели

Извозот на Јапонија е за 32 милијарди долари помал од увозот во 2011, изјави нивниот министер за финансии, јавува Би-би-си.

Јапонскиот увоз пораснал за 12 отсто, а извозот паднал за 2,7, во споредба со претходната година.

Падот на извозот му се припишува на влијанието на земјотресот и цунамито на 11 март.

Дефицитот само го зголемува притисокот под кој се најдоа јапонските извозници по несреќата.

Неколку фабрики беа оштетени како резултат на катастрофата, вклучувајќи ги и тие на Тојота Мотор и на Сони, а беа прекинати и снабдувачките врски во голем дел од земјата.

Не им помогна ниту тоа што поради економската несигурност во Европа и Америка голем број светски инвеститори се свртеа кон јенот, што предизвика пораст на неговата вредност.

Аналитичарите тврдат дека комбинацијата на овие фактори силно ги погодила јапонските извозници додека нивните конкуренти од Јужна Кореја и други азиски држави им земаат сè поголем дел од колачот во земјите каде што јапонските компании до неодамна доминираа.

Гувернерот на Јапонската банка, Масаки Ширакава, изјави дека трговскиот дефицит нема да стане „постојан тренд“, туку се должи на „привремени фактори“ како зголемената побарувачка како последица на земјотресот.

Сепак, ако се има предвид дека главните извозни пазари на Јапонија, Европа и САД влегуваат во рецесија, голем дел аналитичари сметаат дека дефицитот ќе продолжи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ