четврток, 20 март 2025

Јапонија се бори со најголемиот пожар во последниот половина век (ВИДЕО)

Пожарникарите денес ја продолжуваат борбата со огнената стихија во Јапонија, најголемиот шумски пожар во последните педесет години, кој овој пат го зафати подрачјето околу градот Офунато во северниот регион Ивате. Во пожарот засега смртно настрада едно лице, а на евакуација се приморани 4.000 жители.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот и понатаму се шири, а пет дена откако изби на снимките од воздух на локална телевизија се гледа како се крева чад од опожарената област во Ивате каде количеството на врнежи е драматично опаднато.

Огнот уништил околу 2.600 хектари шума, според податоците на Агенцијата за управување со пожари и катастрофи. За споредба, тоа подрачје е седум пати поголемо од њујоршки Централ парк.

Во тој регион беснеат бројни шумски пожари поради тоа што во Јапонија минатата година беше забележано најтоплото лето во историјата на земјата, а климатските промени ги зголемуваат температурите и во останатите делови од светот.

Станува збор за најголемиот шумски пожар кој зафатил дел од Јапонија од 1975 година. Тогаш во Куширо, на северот на островот Хокаидо, изгореле 2.700 хектари шума.

Иако огнот во Офунато продолжува да се шири, воени хеликоптери и пожарникари се трудат да го стават под контрола и изгаснат, им кажа на медиумите локален функционер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ