сабота, 27 јули 2024

Јапонија: Прерано е да се потврди дека Северна Кореја може да изврши нуклеарен ракетен напад

Портпаролот на јапонската влада Јошимаса Хајаши денеска изјави дека е премногу рано да се заклучи дека Северна Кореја поседува технолошка способност да изврши напад со крстосувачки ракети опремени со нуклеарно оружје.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се чини дека Северна Кореја сака да се здобие со технологија која ќе ѝ оневозможи да изврши напад со крстосувачки ракети опремени со нуклеарно оружје“, изјави Хајаши на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Тој посочи дека е неопходна внимателна анализа за веродостојно да може да се заклучи дали официјален Понгјанг поседува таква технологија.

На 2 февруари, Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети, како и нови ракети земја-воздух во близина на својот западен брег, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА. Тоа е четврто лансирање на ракета од страна на Северна Кореја за нешто повеќе од една недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ