петок, 25 октомври 2024

Јапонија: Предупредување за „мегаземјотрес“ за прв пат од 2011 година, премиерот го откажа патувањето во Централна Азија

Јапонските експерти предупредија на можноста од многу силен земјотрес, кој го нарекоа „мегаземјотрес“ по вчерашниот 7,1 степен на југот на земјата, каде беа повредени осум лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Фумио Кишида го откажа своето планирано патување во Централна Азија поради предупредувањата на експертот.

„Преземајќи ја најголемата одговорност за управување со кризи, решив да останам во Јапонија најмалку една недела“, изјави тој за новинарите денеска.

Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) објави дека „веројатноста за нов силен земјотрес е поголема од нормалната“, но дека тоа „не значи дека дефинитивно ќе има земјотрес“.

Ова е првпат вакво предупредување да биде издадено во Јапонија од 2011 година, кога по разорниот земјотрес беше воспоставен нов систем за предупредување.

Во четвртокот при земјотресот со јачина од 7,1 степен дошло до нарушување на сигнализацијата и сообраќајот, а Агенцијата за управување со пожари и катастрофи извести дека осум лица се повредени, главно од паднати предмети.

Јапонија, која се наоѓа на раскрсницата на неколку тектонски површини долж таканаречениот „Пацифички огнен прстен“, е една од земјите со најголема сеизмичка активност во светот. Тој архипелаг со 125 милиони луѓе има околу 1.500 земјотреси годишно, главно слаби.

И најсилните земјотреси таму обично предизвикуваат само помали штети благодарение на примената на антисеизмички градежни норми и запознавањето на населението со итните мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ