петок, 26 јули 2024

Јапонија: Мораме многу да го зголемиме производството на струја, ни треба за чипови и вештачка интелигенција

Јапонија предвидува дека потребата за производство на електрична енергија ќе се зголеми за 35 до 50 отсто до 2050 година, поради зголемената побарувачка од фабриките за полупроводници и центрите за податоци овозможени со вештачка интелигенција (ВИ), процени владата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зголемувањето на побарувачката е прво во последните 20 години и бара големи инвестиции, се вели во владиниот документ.

Ако Јапонија не го зголеми производството на обновлива енергија, стабилното снабдување со електрична енергија би можело да биде неизвесно, смета владата.

Јапонија во голема мера се потпира на Блискиот Исток во снабдувањето со фосилни горива. Минатата година усвои закон со цел да се промовираат инвестициите за декарбонизација на јавниот и приватниот сектор во вредност од над 150 трилиони јени (962 милијарди долари) во текот на 10 години.

Јапонија смета на соларните ќелии од следната генерација, пловечките ветерни електрани на море, рестартирањето на нуклеарни централи и воведувањето напредни реактори за да се задоволи побарувачката, покажуваат владините документи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ