Јапонија забележа 36,8 милиони пристигнувања на странски туристи во 2024 година, што е далеку над рекордот од околу 32 милиони пристигнувања поставен во 2019 година, соопшти Јапонската агенција за туризам.
Туристите меѓу другото ги привлекува и слабеењето на јенот, што ја направи земјата економски попристапна, но тоа го зголемува и ризикот од зголемување на прекумерниот туризам.