сабота, 27 јули 2024

Јапонија иницира програма за ракетна одбрана поради кинеската закана

Објавено на

часот

Сподели

Четирите договори вклучуваат проектили кои се лансираат од копно, море и воздух, како и хиперсонична балистичка боева глава, која Токио сака да ја воведе во оружјето од 2026 година, соопшти во вторникот јапонското Министерство за одбрана преку соопштение за јавноста.

По рускиот напад врз Украина и во услови на зголемена загриженост дека Кина би можела да изврши напад врз соседен Тајван, Јапонија во декември претстави програма за воена модернизација и производство, најголема од Втората светска војна, која ќе ги удвои трошоците за одбрана во текот на пет години.

Новите ракетни сили, за кои се очекува да бидат способни да погодат бродови и копнени цели на оддалеченост поголема од 1.000 километри од Јапонија, се во срцето на планот.

За да ја зајакне својата одбрана пред да може да ги распореди тие домашни ракети Јапонија во февруари соопшти и дека ќе нарача голема количина крстосувачки ракети Томахавк од САД.

Сѐ уште не е кажано колку ќе се купат, но локалните медиуми јавуваат дека ќе ги има дури 500.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ