Камикава рече дека е при крај со подготовките за разговори со нејзиниот ирански колега. Холандската влада во вторникот вети 10 милиони евра нова хуманитарна помош за Газа, велејќи дека е длабоко загрижена поради брзото влошување на состојбата со цивилното население.
Таа додаде дека парите се испраќаат по барање на ОН и дека ќе бидат наменети за основните потреби на луѓето како што се вода и здравствена заштита. Таа повтори дека Израел има право да се брани по нападите на Хамас, но и дека одговорот треба да биде „пропорционален“ и во рамките на меѓународните правила за војување.
„Цивилите и хуманитарните работници никогаш не треба да бидат цел на насилство а хуманитарната помош треба да има неограничен пристап“, рече холандската министерка за надворешна трговија и развој Лиесје Шрајнемахер во писмо до парламентот.
Шпанија ќе ја зголеми и хуманитарната помош за Појасот Газа со пакет во вредност од еден милион евра и подготвена е да испрати уште, изјави на прес-конференција шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.