петок, 18 октомври 2024

Јапонија, Германија и Франција испраќаат ровер до сателитот на Марс, Фобос

Објавено на

часот

Сподели

Јапонија, Германија и Франција потпишаа договор за развој на роверот и истражување на Фобос. Роверот ќе биде лансиран како дел од јапонската мисија за истражување на месечините на Марс (ММX) и ќе работи на површината на Фобос со ниска гравитација.

Роверот беше претставен на овогодишниот Саем за воздушно-вселенски истражувања во Париз, Франција. Неговата мисија ќе биде да собира примероци коишто ќе бидат пренесени на Земјата со вселенското летало „ММX“. Мисијата, се наведува, може да обезбеди непроценливи информации за потеклото на Фобос.

Развојот на роверот наречен „ИДЕФИКС“ е речиси завршен, вклучувајќи ги сите инструменти и системи, а лансирањето треба да се случи во текот на летово. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ