Во Европа се уште не се почнати квалификациите за Светското првенство во 2026, но на другите континенти тие се во полна пареа, и веќе е позната првата репрезентација која чекираше билет за мундијалот во САД, Канада и Мексико.
Честа и припадна на Јапонија, популарните „самурaи“ попладнево со 2-0 го победија Бахреин со головите на Камада и Кубо во второто полувреме.
На три кола до крајот на квалификацискиот циклус во Азија, Јапонија има 19 бода на чело во Група Ц, и е недостижна за другите ривали.